Услови за користење на платформата за вработливост Вајб Ап

Со креирање на профил и користење на платформата за вработливост, вие изразувате согласност со овие Услови за користење. Ве замолуваме внимателно да ги прочитате, бидејќи тие објаснуваат како можете да ја користите платформата, кои се Вашите права, како и вашите одговорности како корисник. Овие правила постојат за да се осигури дека платформата е безбедна, корисна и праведна, а истовремено ја штити Вашата приватност и ги исполнува нашите заеднички цели – вашиот професионален раст и развој. Доколку продолжите да ја користите платформата, тоа значи дека ги разбирате и ги прифаќате Условите за користење. За сите прашања и нејаснотии, побарајте дополнителни информации пред да го потврдите Вашиот профил.

Кој може да ја користи платформата

  • Платформата е достапна за корисници од 15 до 24 години кои се дел од програмата Vibe On односно имаат активен Vibe On пакет за млади на Шпаркасе Банка.  
  • Платформата е наменета само за лична и некомерцијална употреба од страна на корисниците. 

Регистрација и користење на профил

  • При регистрација, корисникот е должен да внесе точни податоци.   
  • Корисникот на платформата потребно е да се регистрира со точна е-маил адреса која ја доставил до Шпаркасе Банка при активирање на Vibe On пакетот за млади. 
  • Доколку корисникот внесува невалидна е-маил адреса, а е корисник на Vibe On пакетот за млади, потребно е да се обрати до Шпаркасе Банка, за да се потврдат неговите податоци за креирање на профил.
  • Доколку одреден посетител нема активен Vibe On пакет за млади, а сака да креира профил на платформата за вработливост, потребно е да ја посети најблиската експозитура на Шпаркасе Банка и да отвори Vibe On пакет за млади, за да може да креира профил и да изврши регистрација со валидна е-маил адреса. 
  • Секој корисник е одговорен за безбедноста на своите податоци за најава на платформата. 
  • Нема дозвола за користење на профилот од трети лица.  

Употреба на содржината на платформата

  • Корисникот на платфoрмата има право да пристапува до курсеви за вработливсот и ресурси достапни на платформата.
  • Сите материјали, вклучително текстови, видеа и други алатки, се сопственост на платформата и се заштитени со авторски права. Корисникот не смее да ги копира, дистрибуира или користи за комерцијални цели.

Обврски на корисникот

  • Корисникот се обврзува да ја користи платформата согласно овие услови и законските прописи. 
  • Забрането е внесување или споделување на неетичка, навредлива или нелегална содржина на платформата.

Лични податоци и приватност

  • Шпаркасе Банка и Бреинстер гарантираат заштита на вашите лични податоци, согласно Политиката за приватност. 
  • Корисникот се согласува со обработката на неговите лични податоци во рамки на платформата за вработливост (регистрација, аналитика, препораки).
  • Корисникот се согласува неговите лични податоци (Име и презиме, Е-меил адреса и телефонски број) за обработка и чување на лични податоци за цели на директен маркетинг.  

Прекин на пристап до платформата 

  • Шпаркасе Банка и Бреинстер го задржуваат правото да го прекинат пристапот на корисникот кој не ги почитува Условите за користење на платформата.

Ограничување на одговорност

  • Платформата се користи како платформа за доучување на вештини за вработливост за младите и поддршка за развој на нивната кариера.
  • Шпаркасе Банка и Бреинстер не гарантира успех на корисникот во неговата кариера како резултат на користењето на платформата. 
  • Банката не е одговорна за каква било штета настаната поради технички проблеми, злоупотреба на профилот од трета страна или содржина споделена од корисниците.

Промени во условите 

  • Шпаркасе Банка и Бреинстер го задржуваат правото да ги менува овие Услови за користење на платформата.
  • Корисникот навремено ќе биде информиран за сите промени кои ќе бидат направени во Условите за користење на платформата.

Контакт за поддршка 

За какви било прашања или проблеми во врска со користењето на платформата, корисникот може да се обрати на:

- Е-меил:  [email protected]