Политика на приватност

Следните одредби од Политиката на Приватност во понатамошниот текст како (Политиката) ги регулира начините за користење на личните информации на Корисникот, правата на корисниците согласно на Општата регулатива за заштита на личните податоци (ОРЗЛП), процедурата во случаи на неовластен пристап на податоците и слично.

Дефиниции

  • Личен податок. „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;  
  • Обработка на личните податоци. „Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;  
  • Контролор. „Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување;
  • Надзорно тело. „Надзорно тело“е физичко или правно лице, јавна установа, агенција или друго тело, кое само или заедно со други, одлучува за целите и начините на обработка на личните податоци; кадешто целите и начините од таквите обработки се во согласност со позитивните закони на Република Северна Македонија и Општата регулатива за заштита на личните податоци (ОРЗЛП);
  • Збирка на лични податоци. „Збирка на лични податоци“ е структурирана група лични податоци која е достапна согласно со специфични критериуми, без оглед дали е централизирана, децентрализирана или распространета на функционална или географска основа;
  • Обработувач на збирка на лични податоци. „Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот;
  • Согласност. „Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;
  • Нарушување на безбедност на личните податоци. „Нарушување на безбедност на личните податоци“ е секое нарушување на безбедноста, што доведува до случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање или пристап до личните податоци кои се пренесуваат, чуваат или на друг начин се обработуваат.

Согласност

Корисникот со учество на платформата изјавува дека се согласува и ја дава својата слободна, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја како согласност за обработка на неговите лични податоци.

Корисникот се согласува со условите на политиката на приватност.

Со учество на платформата, Вајб Ап единствено ги прибавува следните податоци:

  • Име и презиме; 
  • Датум на раѓање;
  • Пол;
  • Електронска адреса;
  • Град;
  • Факултет;
  • Година на студии;
  • Телефонски број;
  • Статус ( вработени/невработени);
  • Компанија во која работите;

Автоматското прибавување на ИП адресата може да се користи од страна на Вајб Ап за добивање на информации за пребарувачот и оперативниот систем на Корисникот.

Користење на информациите и личните податоци

Личните податоци и другите информации кои се однесуваат на конкретен Корисник, објаснети погоре ќе се користат за подобрување на услугите коишто ги нуди Вајб Ап како и подобрување на самото корисничко искуство на платформата.

Доколку корисникот со посебна согласност искажана преку обележување на копче за согласност на страната на платформата, може да добива информативни и промотивни е-маил материјали од Вајб Ап.

Право на пристап

Корисниците имаат право да прибават потврда за тоа дали нивните лични податоци се процесираат, целите на процесирањето, категориите на личните податоци кои се процесираа, примателите или категориите на приматели на кои личните податоци им се или ќе им бидат обелоденети, одредениот период во кој личните податоци ќе се складираат или ако тоа не е можно критериумите кои се користат за да се одреди тој период, постоењето на правото на поправање и дополнување и бришење на личните податоци, правото да се испрати поплака до надлежното надзорно тело, изворот на податоците ако таквите податоци не се прибрани од страна на Корисникот и постоењето на автоматизиран систем на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето.

Корисниците исто така ќе добијат копија од нивните лични податоци, без надомест, во електронски формат.

Право да се биде заборавен

Корисникот го има правото да биде заборавен и да побара од Вајб Ап да ги избрише личните податоци кои се однесуваат на Корисникот без одлагање. Вајб Ап е должен да ги избрише личните податоци на тогашниот Корисник, сега субјектот на личните податоци доколку е исполнет еден од следните услови:

  • Личните податоци повеќе не се потребни за целта заради која биле прибрани или процесирани;
  • Субјектот на личните информации ја повлекол согласноста врз која се базира процесирањето;
  • Личните податоци мораат да се избришат заради почитување на позитивните законски прописи или одлука на надлежно тело.

Пренос на податоци

Корисникот го има правото да ги добие личните податоци кои се однесуваат на него и кои тој ги приложил, на структуиран, компјутерски читлив и обично користен формат / начин. Корисникот го има правото да ги пренесува тие информации до други Контролери без потешкотии.

Приватност преку дизајн

Вајб Ап имплементира технички и организациски мерки за да се осигура дека само личните податоци кои се потребни и нужни за одредена цел на процесирање ќе бидат предмет на процесирање.

Вајб Ап ги процесира и задржува само оние лични податоци кои се апсолутно нужни за успешно работење и подобрување на услугата.

Вајб Ап ги има имплементирано принципите на заштита на лични податоци како што се на пример дата минимизацијата и ги има интегрирано потребните заштите во процесирањето со цел да ги исполни условите на меродавното право и на Општата регулатива за заштита на лични податоци, со цел да се заштитат правата на субјектите на лични податоци.

Обелоденување на лични податоци

Вајб Ап нема да ги обелоденува личните податоци на субјектот на личните податоци на трети лица.

Со исклучок на претходниот став, Вајб Ап ќе ги обелодени и сподели личните податоци на субјектот на личните податоци онаму каде што е задолжително согласно позитивните законски прописи на властите и надлежни тела.

Безбедност

Личните податоци и другите информации кои им ги дава Корисникот на тимот на се енкриптирани со безбедна приклучно –слојна технологија („SSL“) и се складираат со индустриско-стандарна енкрипција.

Корисникот признава дека не постои метод на пренос на личните податоци и другите информации преку интернетот или електронско складирање кое е 100% безбедно.

Вајб Ап ќе се стреми да се придржува кон индустриските стандарди на енкрипција, електронско складирање и пренос преку интернетот. Вајб Ап по потреба, ќе ја зголемува безбедноста на личните податоци на Корисникот.

Промени на Политиката

Вајб Ап го задржува правото да го измени, ревидира или вметне целосно нова Политика за приватност на своја дискреција во кое било време. Корисниците ќе бидат известени за промените на оваа Политка на самата Платформа.

Детали за контакт

[email protected]